сабота, 17. април 2021. Вести денес: 28
home Вести

Потресно сведоштво од семејството за апсењето на Елена Божиновска (ВИДЕО)

Потресно сведоштво од семејството за апсењето на Елена Божиновска (ВИДЕО)

Во домот на семејството Божиновски е забрането да се ѕвони на врата, децата на притворената Елена Божиновска во секој момент ја очекуваат нивната мајка да ги изненади и да се појави во домот со новогодишни пакетчиња.

Ситуацијата која ја преживуваат заедно со нејзината мајка која страда од Паркинсова болест е само прашање на време кога ќе заврши агонијата во која се наоѓаат и кога нејзините деца ќе је разберат вистината.

– Ние дома забранивме да се ѕвони на ѕвончето на врата. Сите знаат дека кога ќе дојдат кај нас не смеат да ѕвонат затоа што на секое ѕвонење тие мислат дека Елена ќе се врати, вели сопругот Игор за телевизија Алфа.

Нејзиниот сопруг Игор досега ја видел  два пати, иако секојдневно му е дозволено да оди во истражниот затвор Шутка да и однесе храна. Последен пат ја видел пред 10 дена. Вели дека таа побарала лекарска помош таму но и покрај тоа единственото нешто кое ја интересирало биле малите Софија и Наум. Нејзиниот татко го ставил целиот имот под хипотека како гаранција пред органите на суд, сепак таа останува во притвор.

– Целокупниот свој имот, нејзиниот татко го стави како гаранција со нотарска изјава со проценител да се стави под хипотека и го има понудено на органите на суд, кажа сопругот.

За приведувањето на 28ноември вели дека се случило во 4ипол утрината и пред нејзините деца.

– На 28, 4ипол сабајле дојдоа еден куп луѓе, буквално влегоа во спалната пред децата и ја изнесоа Елена, вели нејзиниот сопруг.

Игор Божиновски сеуште се прашува до кога мерката притвор ќе биде казна а не мерка за обезбедување. Неговата сопруга која е единствената жена од 36мината притворени како осомничени за терористичко загрозување на уставниот поредок на земјата вели дека не претставува закана за државата и дека верува во правдата и човечноста

– Луѓето мора да дознаат онаа правата вистина за Елена,вели Игор Божиновски.

извор: алфа.тв

Најнови вести

Коронавирус