среда, 18. септември 2019. Вести денес: 74
home Вести

Потресно сведоштво на мајката на Димитар: Свирепо ми го убија детето пред две години, а уште чекаме правда

Потресно сведоштво на мајката на Димитар: Свирепо ми го убија детето пред две години, а уште чекаме правда

Ни трага ни глас од убиецот на 26-годишниот Димитар Матилоски чиј живот згасна за време на новогодишната ноќ во 2016-та година.

Пет месеци откако охридскиот Основен суд донесе решение на српскиот државјанин Бојан Угреновиќ да му се суди во отсуство, и одреди мерки на претпазливост лицето да не ја напушта Македонија,одземајќи му ја патната исправа пасош,за органите на прогонот тој е недостапен, анализира „Алфа“.

Мајката на Димитар повеќе од 2 години по убиството,се уште чека правда,откако битолска Апелација ја укина првичната одлука на охридскиот Основен суд кој  Угреновиќ го осуди на казна затвор од 16 години и го врати предметот на повторно судење.

– Судењата се многу непријатни, бидејќи другарите на Димитар кажуваат на кој начин свирепо е убиен мојот син. Тоа е многу тешко да се слуша, а ние се справувуваме со тага и болка, а за органите на прогонот СВР тој не е достапен, изјави Драгица Матилоска, пренесе Алфа.

Убиецот доби можност да се брани од слобода, бидејќи судот му го укина притворот согласно законот за кривична постапка. Тој се појави само на првото рочиште и го снема. Поради тоа во месец октомври лани, судот во отсуство му изрече мерка притвор,но не доби известување од полицијата дали воопшто знаат каде е обвинетиот? Нема инфоrмација дали полицијата распишала меѓународна потерница доколку убиецот е во бегство.

Единствена утеха на мајката која ја доживеа најголемата душевна болка е пишувањето, тој вечен непребол по синот кој никогаш повеќе нема да го види, Драгица го преточи во втората книга „Мојот живот после изгубен живот“.

-Во книгата поставувам прашање дали знаете што значи да закопате син, да се збогувате засекогаш од него. Да одите на гробишта, на тоа мрачно и студено место, да му запалите свеќа и да му кажите, лесна ти земја. Живеам за гласчињата на моите внуци, живеам, перото на моето срце да го овековечи ликот, добрината и младоста на мојот син, изјави Драгица Матилоска.

Инаку следното рочиште за убиствотот на Димитар е закажано за 17 април со сведоци од Македонија но и од Србија.