недела, 24. октомври 2021. Вести денес: 0
home Вести

Потресни сведоштва за третманот на владата кон децата со посебни потреби

Потресни сведоштва за третманот на владата кон децата со посебни потреби

Седум месеци затворени дневни центри за деца со посебни потреби и маргинализирани од државата. Секојдневие исполнето со неизвесност. Денот кој завршува со надеж дека утре може нешто ќе се подобри. Вака изгледа секој ден на една самохрана мајка на дете со церебрална парализа од Гостивар.

Маргарита Милошевска, самохран родител на 16 годишната Мартина од Гостивар за гостиварски медиум сведочи дека корона кризата дополнително и го отежнала животот, бидејќи како што раскажува поради затворање на дневниот центар за посебни потреби нејзината ќерка останува затворена дома, со неможност за дружење.

На сите луѓе во целиот свет, корона кризата остави многу негативни последици, но би рекла дека за лицата со посебни потреби, тоа секако е поизразено, посебно за децата со посебни потреби. Тоа се децата кои сакаат комуникација, да си ја запазат дневната рутина и слично, а не знаат да се заштита, не знаат и не можат да разберат за носење на маски и држење на дистанца, моето девојче Марина многу тешко ја поднесува оваа ситуација. Многу е нервозна, последните месеци е страшно нервозна. Таа беше научена да престојува во Дневниот центар, сега не може. Беше научена да носам на море, сега поради ризикот и тоа не го правиме – вели Маргарита.

Милошевска смета дека затворените дневни центри не треба да значи и целосно исклучување на децата од процесот на социјализација и добивање на стручна помош, туку, како што вели таа, можело да се организираат активности на отворено.

Зошто министерството за труд и социјална политика не се организираше, активностите на дневните центри да бидат во неколку пати во неделата на отворено. Во Гостивар има прекрасни паркови каде нашите деца може да имаат разни активности без ризик, како уметност, некакви спортски активности, дружење, нешто корисно за нивното психичко и физичко здравје. Зошто никој не се сети на вакво нешто? Зошто без да ги потсетиш дека може да се организира вакво нешто, не им текнува – прашува таа.

Сличен став имаат и стручните лица кои велат дека ваквата состојба со повеќемесечното затворањето на дневните центри, може да предизвика лицата со попреченост да станав поранливи, а може да се јавува чувство на осаменост, која пак носи и други последици.

Кај овие лица постои сериозна опасност од зголемена анксиозност, параноја, страв, поврзани со она што може да настане и осаменоста и неизвесноста, кои се директно поврзани со социјалното дистанцирање, чувства кои на лицата со попреченост не им се непознати. Како група, историски, тие се социјално изолирани, затоа се уште ги викаме маргинализирани групи – посочуваат стручните лица.

Имено, дневните центри се затворија по одлука на владата на 11 март се со цел да се спречи ширењето на корона вирусот кај оваа категорија, која покрај умерена и тешка интелектуална попреченост има и останати придружни заболувања нарушена респираторна функција, срцеви заболувања, обезност, дијабетес, хипертензија.

Тешкотиите со кои се соочуваат и одговорноста за нивната маргинализираноста е токму во Министерството за труд и социјална политика и владата која за жал и понатаму продолжува да ги игнорира проблемите со кои се соочуваат лицата со попреченост.

FacebookTwitterCopy Link

Најнови вести

Локални избори 2021