недела, 28. ноември 2021. Вести денес: 0
home Вести

Потресни фотографии од нападот: Кој сака да го заплаши и замолчи поранешниот градоначалник Трајковски? (ФОТО)

Потресни фотографии од нападот: Кој сака да го заплаши и замолчи поранешниот градоначалник Трајковски? (ФОТО)

Откако на денешното почетокот на денешното судење за „ТНТ“, судијата кој го води предметот рече дека поранешниот градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски до судот доставил документација според која синоќа бил претепан и пренесен во Ургентниот центар во Скопје, до КУРИР пристигнаа фотографии од нанесените повреди на поранешниот градоначалник на Гази Баба Трајковски.

Потресните фотографии од насилството врз Трајковски се само доказ дека никој во оваа земја не се чувствува безбеден.

Трајковски вчера бил брутално нападнат и претепан во пресрет на денешното рочиште за ТНТ.

Од МВР утрово излегоа со кратко соопштение во кое не наведуваат детали за насилството врз Трајковски.

-На 22.12.2019 околу 23,35 часот Т.Т. пријавил дека во Скопје на пешачка патека во близина на болница, по претходна вербална расправија со две лица, бил физички нападнат од нив. С е работи на расчистување на случајот, информираат од МВР.

Освен тоа што МВР молчи и судот му се заканува, целиот предмет ТНТ го следат низа недоследности.

Коронавирус