петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

„Потребна му е правна сигурност на бизнисот, изминативе триесет години тоа го немаме“

„Потребна му е правна сигурност на бизнисот, изминативе триесет години тоа го немаме“

„Апсолутно во програмата зборуваме и за нови вработувања. Јас не зборувам за економија која што ќе се темели на популистички интервенционизам, нешто се случуваше во изминатите три години. Додека се намалуваше продуктивноста на работникот се зголемуваа примањата, бидејќи се интервенираше со некои репресивни методи кон бизнис заедницата. И на тој начин се намалуваше продуктивноста, се зголемуваше практично платата. Не, ние зборуваме за природен раст на вработеноста и природно намалување на невработеноста. Но знаете во економијата а и искуството тоа го вели за да имате здрава и да имате силна економија, и да дојдат луѓе кои што ќе инвестираат во државата или домашни инвеститори кои што ќе инвестираат во производни процеси треба да имате функционална правна држава“, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој што гостуваше во емисија на телевизија 24.

Мицкоски додаде ако луѓето се чувствуваат дека нема правна сигурност за нивните инвестиции, ако гледаат дека внатре во државата системот не функционира во правна смисла на зборот тогаш тие нема да се чувствуваат комотно и нема да инвестираат во државата. Затоа правната сигурност и правна држава се главен предуслов за здрава економија.

„Главен предуслов е да имаме функционална правна држава, нешто што за жал изминативе 30 години полека се конвертира од некои транзициони времиња, па потоа прејдовме во т.н. Сваровски судство денеска е Луј Витон судство и обвинителство, сето тоа создава една голема мешаница и луѓето не се чувствуваат сигурно да инвестираат“, појасни Мицкоски.

Коронавирус