сабота, 29. јануари 2022. Вести денес: 0
home Вести

Потребна е помош за Силвана и нејзината ќерка: Живеат во тешки услови, а некои денови немаат ни за леб

Потребна е помош за Силвана и нејзината ќерка: Живеат во тешки услови, а некои денови немаат ни за леб

„Живееме во подрумска соба, во куќата на мојот свекор. Тој прво нѐ бркаше од тука, сакаше да ја издава собата на ќираџии, но не успеа и сега не нѐ брка. Сопругот ме остави, сега сама се грижам за мојата ќерка Леонтина. Немаме прозорци, залепивме најлони да не ни дува, а и вратата е во многу лоша состојба. Навечер ставаме ќебиња за да не ни биде ладно“, раскажува низ солзи Силвана Јовановска од кумановски Бабин дол.

Таа сама се грижи за двегодишната ќерка Леонтина. Невработена е, и преживуваат од собирање шишиња.

Оваа очајна мајка сега е и без приходи. Откако ја оставил сопругот Томислав од кој е постара 10 години, а со кој се омажила во 2013 година, преживува благодарение на собирањето шишиња и од помошта на хуманите граѓани.

Таа вели дека немаат ни струја поради неплатени сметки кои со години не ги плаќал нејзиниот свекор, па се снаоѓале со електрична енергија преку комшиите. Она што е најтрагично имаат шпорет ама немаат дрва за да се топлат на него.

-Некогаш земаме струја од соседите, на нив им плаќавме, но некогаш тие ја исклучуваат, кога немаме како да им платиме.

(Трансакциската сметка за финансиски средства – 250-0070011899-66 – Шпаркасе банка)

(Контакт телефон – 078-652-784 БРОЈОТ НЕ Е ОТВОРЕН ЗА ДОНАЦИЈА туку само за контакт на Силвана)

Целата приказна за неа, прочитајте ја на ЖЕНСКИ МАГАЗИН

Коронавирус