среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Потрагата продолжува: Во водите на Вардар се бара тело на младо момче

Потрагата продолжува: Во водите на Вардар се бара тело на младо момче

Полициски екипи изутрината ја продолжија потрагата по маж кој вчера попладне исчезна во водите на Вардар во близина на гостиварското село Балиндол.

Припадници на полицијата и пожарникари до доцна синоќа го пребаруваа коритото во обид да го лоцираат човекот на кого претходно неколкумина граѓани се обиделе да му помогнат и да го извлечат од реката.

Гостиварец вчера пријавил во полиција дека околу 16 часот во близина на селото Мало Турчане забележал тело на маж кое го носела водата. Тој се обидел да го извлече, но не успеал. Во близина на селото Балиндол го изгубил од вид по што била повикана полицијата и пожарникари.

Засега е непознат идентитетот на мажот, а потрагата е интезивирана.

Коронавирус