вторник, 10. декември 2019. Вести денес: 165
home Вести

Потпретседателот Зекири одраз на лицемерието- СДСМ јавно го обвинува ДУИ за криминал, а заради власт остануваат во коалиција

Потпретседателот Зекири одраз на лицемерието- СДСМ јавно го обвинува ДУИ за криминал, а заради власт остануваат во коалиција

Потпретседателот и пратеник на СДСМ, Мухамед Зеќири преку статус на Фејсбук  возврати на изјавата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети  кој за последните обвинувања кои Зекири ги  изнесе во гостување во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека Мухамед Зеќири не е легитимен преставник на политиките на СДСМ.

Зекири во неговиот ФБ статус му одговори на Ахмети дека тој е легитимен преставник на неговите избирачи кои се многу повеќе од гласовите на Али Ахмети, и дека Албанците никогаш нема да му простат на ДУИ за штетата која им ја нанесе.

-Мухамед Зекири е легитимен претставник на неговите избирачи кои се многу повеќе од гласовите на Али Ахмети и ДУИ !!!

Јас сум легитимен претставник и потпретседател на СДСМ господине Али Ахмети !!!Вистината секогаш боли и од минатото и од штетата која им ја направи ДУИ и вашите претставници на Албанците додека бевте на власт со ВМРО-ДПМНЕ, никогаш нема да можете да избегате и никогаш нема да бидат заборавени!!!, напиша Зеќири.

Ставовите на Зекири  дека не сака коалиција со ДУИ ги искоментира и Зоран Заев кој со цел да не си ја загрози предвреме премиерската позиција и коалицискиот капацитет истакна дека во владејачката партија има други луѓе кои сакаат коалиција со ДУИ,  додавајќи дека коалицијата со ДУИ е стабилна и несогласувањата се решаваат.

–  Мухамед Зекири не првпат кажува дека не сака коалиција со ДУИ, но во СДСМ има луѓе кои сакаат. Исто и во ДУИ има што не сакаат да коалицираат со СДСМ. Најсатирично е што на крајот граѓаните кажуваат со кого ќе коалицираме на изборите. Затоа велам бројките се неприкосновени, тие ќе ја одредат идната коалиција, рече Заев.

Ваквите меѓусебни препукувања помеѓу СДСМ и ДУИ  влечат корени уште во времето кога СДСМ беше во опозиција па ја обвинуваше ДУИ за разни криминали како и за заробување на институциите. Ваквата состојба се промени откако СДСМ предводена од  Зоран Заев имаше потреба од  ДУИ за да формира влада, па преку ноќ функционери од ДУИ кои со име и презиме се спомнуваа од  Зоран Заев како лица кои треба да одговараат за криминал, беа поставени за министри.

Исто така и Блерим Беџети кој последно беше јавно критикуван од Мухамед Зекири во емисијата „Click Plus“ на ТВ21, дека незаконски се мешал во изборот на судии, на последните локални избори доби отворена поддршка од СДСМ.

Зекири го обвини Беџети дека директно вработувал судии и затоа ситуацијата била ваква. Тој повторно го искажа неговиот став дека СДСМ веќе не треба да престане да ја помага ДУИ, нешто што го направи за последните локални избори, за што смета дека била една од најголемите грешки на неговата партија.

Беџети се вклучи директно во дебата, преку телефонска линија при што влезе во остра расправија со Зекири. Беџети го обвини Зекири дека работи под диктат на неговиот патрон, мислејќи на претседателот на СДСМ, Зоран Заев и побара ТВ дуел со Зеќири и Заев, а Зеќири пак за возврат иако не е дозволено во живо во емисија пушти незаконски прислушуван разговор помеѓу него и Муса Џафери.

Но јавното препукување меѓу коалиционите партнери не заврши со завршувањето на емисијата. По завршувањето на емисијата пресметката продолжи на социјалните мрежи. Извесен Дини Муареми, кој по постираните слики на социјалната мрежа Фејсбук, може да се заклучи дека е близок со Блерим Беџети, објавил статус со слики од недвижен имот за кој вели дека бакшиш ги добил од Љупчо Ѓеорѓиевски, при што и го прашува Зеќири колку газди имал тој.

–  Мухамед Зекири, ти што го обвинуваш Блерим Беџети дека има газда, ај кажи ти море пишман хаџија, ти колку газди имаш? Дали еден од твоите газди е и Љубчо Георгиевски (на сликата се гледа адресата и живеалиштето на Мухамед Зекири, куќа која ја доби како бакшиш од Љубчо Ѓеоргиевски а за АУДИ-то мислам дека сите знаат). Ех море пишман хаџија, се фати на машко оро а не на чаршиско оро, стои во Фејсбук статусот на лицето блиско до Блерим Беџети.

Инаку Беџети пред неколку месеци излезе на прес конференција на која што изјави дека премиерот Зоран Заев му се јавил и побарал од него да влијае врз членовите на Судскиот совет за менување судија.