четврток, 4. март 2021. Вести денес: 171
home Вести

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Николоски на средба со словенскиот амбасадор во земјава (ФОТО)

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Николоски на средба со словенскиот амбасадор во земјава (ФОТО)

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски преку статус на Фејсбук вели дека денеска остварил средба со амбасадорот на Република Словенија, Н.Е. Милан Предан.

-Денес остварив средба со амбасадорот на Република Словенија, Н.Е. Милан Предан.На средбата разговаравме за актуелната политичка состојба, ЕУ перспективите на земјите од Западен Балкан како и за справувањето со последиците од пандемијата предизвикана со КОВИД-19.

Амбасадорот Предан апелираше на континуирано спроведување на реформите во државата како клучен услов за побрза интеграција во ЕУ. Амбасадорот Предан информираше дека проширувањето на Европската Унија ќе биде приоритет на Словенечкото претседателството со ЕУ, кое Словенија го презема од 1 јули 2021 г.
Како претседател на Националниот совет за евроинтеграции го запознав амбасадорот со надлежностите и составот на Советот за евроинтеграции, со улогата која ја има Советот во процесот на пристапување кон ЕУ, како и со активностите на Советот во периодот кој следи, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Денес остварив средба со амбасадорот на Република Словенија, Н.Е. Милан Предан.

На средбата разговаравме за актуелната…

Posted by Aleksandar Nikoloski on Петок, 15 јануари 2021

Коронавирус