петок, 15. јануари 2021. Вести денес: 187
home Вести

Потпретседателот на СДСМ, Зекири, промовира книга на лице обвинето за поттикнување на тероризам

Потпретседателот на СДСМ, Зекири, промовира книга на лице обвинето за поттикнување на тероризам

Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири, се пофали дека бил промотор на книга. Но, не било чија книга, туку дело на контроверзниот Шефќет Красниќи, оџа од Косово.

-Красниќи во албанската јавност важи за една многу контроверзна личност. Истиот пред неколку години беше обвинет од страна на косовското јавно обвинителство за поттикнување на верска, национална, расна и етничка поделба, како и за даночно затајување и за поттикнување на тероризам, обелоденува Горан Весов на својот Фејсбук профил, споделувајќи статус на активистот на СДСМ, Бекири.

Неговиот статус, пренесен од Љуми Бекири го пренесуваме во целост:

„Бисер статус од Lumi Beqiri:

(не)Драги социјалдемократи на Северна Македонија,
дали знаете дека вашиот потпретседател Зеќири на својот фејсук профил се пофалил со тоа што бил еден од промоторите на книгата на Шефќет Красниќи, оџа од Косово.
Истиот Красниќи во албанската јавност важи за една многу контроверзна личност. Истиот пред неколку години беше обвинет од страна на косовското јавно обвинителство за поттикнување на верска, национална, расна и етничка поделба, како и за даночно затајување и за поттикнување на тероризам.
Красниќи постојано се служи со говор на омраза кон секуларизмот, католичките верници и останатите немуслимански верници, како и кон муслиманите кои не го практикуваат исламот. Красниќи повикуваше на убиство на девојка од муслиманско семејство која била во врска со момче од католичка вероисповед. Красниќи постојано ги навредува жените и се служи со најдолната објектификација и нивна стереотипизација. Красниќи често повикува на насилство врз жените. Красниќи постојано ги навредува Албанците со тоа што им ја навредува етничката припадност поради националните фигури од типот на Ѓерѓ Кастриоти Скендербег, Гонџе Бојаџиу (Мајка Тереза) и Исмаил Кадаре.
Чисто да знаете, дека немате право да говорите за човековите права, секуларизмот и слободата на изразување, кога во претседателство на партијата ви седат ликови кои го поддржуваат се ова од горенаведеното. Уште помалку имате право да барате гласови од Албанците со вакви ликови“-напиша тој.

 

Коронавирус