петок, 25. септември 2020. Вести денес: 9
home Вести

Потпишување меморандум за унапредување на правата на децата кои доаѓаат во контакт со законот

Потпишување меморандум за унапредување на правата на децата кои доаѓаат во контакт со законот

Меморандум за соработка ќе биде потпишан денеска во Владата, за унапредување на знаењето на адвокатите и подобрување на заштитата на правата на децата кои доаѓаат во контакт со законот – деца кои извршиле или се осомничени за кривично дело, деца сведоци и деца жртви.

Меморандумот ќе го потпишат министерката за правда Рената Десковска, претставникот на УНИЦЕФ Бенџамин Перкс, претседателот на Адвокатска комора Љубомир Михајловски и Лазар Нанев, претседател на невладината организација Сојуз за превентива на престапништво и малолетничка деликвенција.

Главната цел на оваа соработка е да се унапреди знаењето на адвокатите и да се подобри заштитата на правата на децата кои доаѓаат во контакт со законот – деца кои извршиле или се осомничени за кривично дело, деца сведоци и деца жртви. Соработката ќе придонесе да се зајакне поврзувањето помеѓу сите институции, прибирањето и користењето податоци за деца во контакт со законот.

Според Законот за правда на децата секој адвокат треба најмалку пет дена во текот на годината да следи специјализирана обука за правда за деца. Меморандумот за соработка предвидува специјализирани обуки за адвокатите што работат со деца во контакт со законот според претходно подготвена програма за теоретска и практична настава.

МИА

Коронавирус