вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 109
home Вести

Потпишување договор со „Визер“ за субвенции на евтини авиолинии

Потпишување договор со „Визер“ за субвенции на евтини авиолинии

Договор за финансиска поддршка за евтини авиолинии ќе потпишат денеска министерот за транспорт Горан Сугарески и претставници на нискобуџетната авиокомпанија „Визер“.

Тоа е трет Договор за субвенции за авиолинии меѓу македонската Влада и „Виз ер“. Во нарендите три години на авиокомпанијата треба да и бидат исплатени пет милиони евра. Субвенционираните летови од аеродормите во Скопје и во Охрид треба да ги опслужува од март годинава.

Договорот следи по третиот повик што го објави Владата за доделување финансиска поддршка по двата неуспешни огласи. На сите три повици понуда достави само „Визер“ која опслужува евтини авиолинии од макеоднските аеродорми во изминатите шест години. (МИА)

Коронавирус