среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Потпишан Меморандум за соработка во борбата против тероризмот меѓу Македонија и Австралија

Потпишан Меморандум за соработка во борбата против тероризмот меѓу Македонија и Австралија

Во министерството за внатрешни работи на Република Македонија денес се одржа средба помеѓу министерот за внатрешни работи на Република Македонија Оливер Спасовски, Директорот на Управата за безбедност и контрарузнавање Горан Николовски и делегација на Комонвелтот на Австралија предводена од Рут Стјуарт, нерезидентен aмбасадор на Австралија за Република Македонија, и Пол Фоли, aвстралиски aмбасадор за борба против тероризам.

На средбата, како што соопштуваат од МВР, беше потпишан Меморандум за разбирање меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Австралија за соработка во борбата против тероризмот и беше потенцирана одличната досегашна соработка помеѓу безбедносните служби на двете земји, како и намерите за интензивирање на соработката.

Коронавирус