петок, 18. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

ПОТКУП СO PACИПAHИ ПPEXPAMБЕНИ ПРОИЗВОДИ?: Неготино доби 200 пакети од Заеви, производите со пoминaт рок?

ПОТКУП СO PACИПAHИ ПPEXPAMБЕНИ ПРОИЗВОДИ?: Неготино доби 200 пакети од Заеви, производите со пoминaт рок?

Операција која се водела професионално, во вечерните часови, далеку од очите на јавноста минатата недела беше откриена од страна на полицијата и јавниот обвинител во Струмица. Ако вака, без објаснување ја прочитате информацијата веројатно ќе помислите дека се работи за криминална операција за производство и дистрибуција на наркотици.

Операцијата која се водела навечер, далеку од очите на јавноста е всушност операцијата на фамилијата Заеви кои во магацините на нивните фирми подготвуваат пакети т.н. „хуманитарна помош“ за која опозицијата обвинува дека е всушност предизборен поткуп. Но обвинувањата за поткуп не пристигнуваат само од опозицијата, туку и од оние кои добиле таква „помош“ – луѓе кои со пакетите храна добиле и абер, дека на изборите, кога и да се одржат треба да размислат за кого ќе гласаат, а кога ќе размислат би било подобро за нив да го одберат СДСМ.

Како користењето на стравот од коронавирусот за купување на гласови да не е доволно скандалозно, операцијата која се водела во магацините на Заеви дополнително ја замрсува ситуацијата.

Според информациите на „Инфомакс“, во магацините на Заеви во кои се чувале производите за „хуманитарната помош“ полицијата пронашла голем број на прехрамбени продукти со изминат рок на употреба, а биле пронајдени и лажни декларации со кои се заменувале старите – оние на кои бил испишан рокот на траење на веќе расипаните продукти.

И покрај полициската интервенција, Заеви не престануваат со предизборниот поткуп, па во текот на вчерашниот ден шлепер со ваква „помош“ пристигна и во Неготино.

За ова акција на својот ФБ профил се пофали и градоначалникот Тони Делков. Од полицијата се уште нема официјално соопштение за евентуално поднесени кривични пријави за прекршување на наредбата за полициски час, но и за загрозување на здравјето на граѓаните на кои им се дели „помош“ од производи со поминат рок на траење.

ЕУРО 2020

Македонија