вторник, 23. октомври 2018. Вести денес: 104
home Вести

Постреферендумска чистка во РЕК Битола

Постреферендумска чистка во РЕК Битола

На социјалните мрежи осамна писмо од група на работници во РЕК “Битола“ што е упатено до раководството на ЕЛЕМ, премиерот Заев, до Народниот правобранител, Хелсиншкиот комитет, Сојузот на синдикатите, амбасадите, политичките партии и медиумите.

Во дописот се вели дека поради неуспешниот референдум, ден потоа, директорот  Васко Ковачевски неможејќи да се помири со резултатите од референдумот, започна да дели решенија на повеќе работници за прераспределба на други работни места со помали коефициенти, главно вработени од претходната влада или членови на опозициските партии. “Терор, мобинг и притисок од ваков вид, досега не се памети, пренесе Алфа.

Се преместуваат професионалци во струката, од термоцентралата во рудниците, лица кои се неопходни за нормално функционирање на процесот на производство, со што, се доведува во прашање целокупната работа на термоелектраната“, се вели во дописот. Сето ова по телефон го потврдил и еден од прераспоредените работници споменувајќи бројка од над 350 работници, кои сукцесивно ќе бидат флуктуирани кон рудниците, а од разбирливи причини замоли за анонимност.

-За став се обративме до раководството на РЕК “Битола“, а од таму во писмениот одговор на нашето прашање, ништо не демантираа од обвинувањата на работниците. Повикувајќи се на законско работење како императив на менаџерскиот тим, беше речено дека “професионалниот ангажман на сите вработени, ќе биде основен предуслов за стабилно производство на електрична енергија“. Со сличен одговор се огласија и од Синдикатот на РЕК “Битола“ бидејќи беа прозвани да кажат дали поддржуваат ваква кадровска политика на менаџерите . Нивниот одговор беше дека се залагаат за еднакви работнички права на сите членови на Синдикатот, со заложби за подобрување на условите и стандардот на сите“. Но, не изустија ниту збор за кадровските случувања, објави Алфа.

-Пострефрендусмка честитка, мобинг или предупредување, стасува од раководството на РЕК “Битола“ до повеќе од триста вработени кои се прераспоредуваат главно од термоелектраните кон рудниците. По социјалните мрежи кружат предупредувања дека се случува идеолошка или партиска пресметка со работниците на РЕК “Битола“, а од друга страна можеби ќе биде речено дека станува збор за професионализам или рационализација во процесот на кадровско екипирање на РЕК “Битола“.