недела, 9. мај 2021. Вести денес: 70
home Вести

Постапката била предвидена со буџет од 8 милиони денари – како Заев го правдаше осомничениот Рашковски?

Постапката била предвидена со буџет од 8 милиони денари – како Заев го правдаше осомничениот Рашковски?

Премиерот Зоран Заев своевемено, речиси пред еден месец за набавката на совтверот за потребите на МВР го бранеше неговиот секретар од кабинетот сега веќе осомничениот Драги Рашковски. Заев тогаш рече дека не исклучува сомнеж со набавката, но дека се било направено потендерска процедура и со ФИНКИ.

-Секако дека исклучувам сомнеж во набавката, тоа е направено колку што се сеќавам со ФИНКИ, со тендерска процедура. По информацијата во јавноста се обратив до службите да ме информираат барем усно, чекам да ми стигнат документите. Постапката била предвидена со буџет од 8 милиони денари, имало компетитивност, но сè уште не ги знам детали…Спроведена е целосна постапка, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање на 9ти март изминатиот месец.

Тендерот за кој се сомничи Рашковски бил распишан во ноември 2019 година, на истиот се пријавиле три фирми, а како добитник на истиот во вредност од 81.000 евра се јавува компанијата „Инвока гроуп“. Софтверот, кој треба да одредува брзина, локација, регистарска табличка, поминување на црвено и друго требало да биде испорачан најдоцна во јули 2020 година.

-Дадов насоки да се расчисти работата од позитивен аспект, затоа што е нешто што се спроведувало и за време на техничката Влада. Видов докази дека имало комуникација меѓу Генералниот секретаријати Министерството за внатрешни работи, токму поради постапките, информациите, можноста за тестирање на самиот систем. Ќе има соопштение од Владата со сите детали за набавката на софтверот, решенијата кои всушност јас и ги видов како изгледаат во целата оваа постапка, истакна тогаш Заев.

Коронавирус