среда, 14. април 2021. Вести денес: 15
home Вести

Последната изјава на проф. Ѓорчев: Доцнењето со вакцините ќе чини многу животи, возрасните се жртвени јагниња на фијаското

Последната изјава на проф. Ѓорчев: Доцнењето со вакцините ќе чини многу животи, возрасните се жртвени јагниња на фијаското

На Клиниката во Ниш вчера почина специјалистот по пулмологија и алергологија, професорот Анѓелко Ѓорчев (72). Тој е татко на поранешниот пратеник Влатко Ѓорчев.

Докторот Анѓелко Ѓорчев не се разбудил од кома во која падна само две минути откако ја примил вакцината против коронавирус во Ниш предминатиот викенд. Семејството чекаше да се подобри неговата состојба, но тоа не се случи.

Пред неколку месеци доктор Ѓорчев предупредуваше дека доцнењето на вакцините Македонија ќе ја чини многу изгубени човечки животи

-Доцнењето на вакцините Македонија ќе ја чини многу изгубени човечки животи, изјави за телевизија Алфа пред неколку месеци д-р Анѓелко Ѓорчев.

Ѓорчев има обемна биографија. Медицински факултет завршил во Скопје, каде специјализирал, а потоа станал асистент по Интерна медицина. Докторирал на тема бронхијална астма, за што беше врвен специјалист.

Како доцент и професор работи на полето на неговиот специјален интерес-пулмологија и алергологија, астма, ендокринологија на респираторниот систем.

Професорот има специјализации и дополнителни усовршувања со конгреси, обуки и семинари во: Љубљана 1980, Лион и Париз 1986, Белград 1987, Будимпешта 1998, Лондон 1990, Брисел 1991, Мајами, Париз, Виена 1992, Сан Франциско, Лондон (Англија – Ројал Бромптон Болница), Ерусалим, Фиренца, Ротердам 1993, Ница, Столкхом 1994, Барселона, Сиетел 1995, Њу Орлеанс 1996, Берлин, Лондон 1997, Бирмингем и Саутемтон 1998, Мадрид 1999, Торонто 2000, Лисабон 2000, Берлин 2001, Неапол 2002, Виена 2003, Париз 2003, Амстердам 2004, Копенхаген 2005, Минхен 2006, Столкхом 2007, Берлин 2008, Барселона 2008, Виена 2009, Варшава 2009, Италија 2010, Бугарија 2010, Барселона 2010, Лондон 2010…

Коронавирус