понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 127
home Вести

Последната фотографија од Амди Бајрам (ФОТО)

Последната фотографија од Амди Бајрам (ФОТО)

Поранешниот пратеник и политичар, Амди Бајрам ненадејно почина на 64-годишна возраст, објави Канал 5.

Од неговата партија Сојуз на Ромите од Македонија (СРМ) за Канал 5 потврдиле дека Бајрам починал во клиниката „Жан Митрев“ поради проблеми со срцето.

Пред само неколку дена, на 18-ти октомври Амди Бајрам направи свадба за внуката Перихан во Истанбул.

Свадбата се случи на брод на Босфор, со над 200 гости од Македонија. Видеа од свадбената веселба на својот Фејсбук профил објави синот на Бајрам, Габриел.

Неодамна, Бајрам изјави дека изминатиов период за него е многу тежок со оглед на тоа дека му била извршена ампутација на едната нога.

„Имав ампутација на едната нога, ама ќе ставам протеза. Во политиката мислам дека ќе се вратам. Сега ми треба малку време да закрепнам, но ќе се вратам. “ – кратко изјави за „Скопје1.мк“ Амди Бајрам во април годинава.

Коронавирус