сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 109
home Вести

Последен пат ја виделе пред училиште, да помогнеме да се најде 15-годишната Викторија

Последен пат ја виделе пред училиште, да помогнеме да се најде 15-годишната Викторија

Викторија Настевска (15) од село Суводол, демирхисарско е исчезната, а нејзините родители бараат помош за да се пронајде. Последен пат е видена во петокот во 13:30 часот пред средното медицинско училиште во Битола каде што учи и од тој момент и се губи секаква трага.

Родителите ги замолуваат сите кои имаат некакви информации да ги контактираат на 078 425 497 или 075 310 664.

Инаку, случајот завчера во 17:25 часот е пријавен во Полициската станица во Демир Хисар, а е објавено во вчерашниот билтен на МВР.

С.Н.(36) од село Суводол пријавила дека нејзината 15-годишна ќерка излегла и не се вратила. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Коронавирус