четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 182
home Вести

Поскапи горива од полноќ: Еве ги новите цени

Поскапи горива од полноќ: Еве ги новите цени

Регулаторната комисија за енергетика денеска напладне ги соопшти новите цени на горивата, кои ќе важат од полноќ.

Во однос на цените утврдени со Одлуката од 29.07.2019 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 69,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 71,50 ден/лит.

Малопродажните цени на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 29.07.2019 година и со тоа малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 62,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 52,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,163 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 29.07.2019 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 35,343 ден/кг.

Коронавирус