понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 78
home Вести

Поскапените вакцини против грип не ги пишмани граѓаните за вакцинација

Поскапените вакцини против грип не ги пишмани граѓаните за вакцинација

Вакцинацијата против грип официјално започна денес. Иако цената е повисока за 200 денари за разлика од лани и е 650 денари, хронично болните и пензионерите од рано изутрина се пред вратите на Центрите за јавно здравје. За сите, пак, кои имаат помали пензии од 14.480 денари, како и за оние без пензија со навршени 65 години, а се решени да се вакцинираат, вакцината е бесплатна, пренесува Здравство.

Министерството за здравство има набавено околу 28.000 дози на вакцина за грип. Оваа вакцина оваа година е четиривалентна вакцина, која е најнова, висококвалитетна, и заштитува од четири видови на инфлуенца и истата е според препораките на Светската Здравствена Организација и Европската Медицинска Агенција.

За пензионерите кои се во групата за бесплатни вакцини за да го остварат своето право мора со чек од својата пензија да појдат кај матичниот лекар, кој пак преку „Мој термин“ ќе им закаже термин за вакцинација во некој од Центрите за јавно здравје. Пензионерите над 65 години кои не земаат пензија, ќе можат да се вакцинираат со потврда од ПИОМ.

Дали ќе има доволно вакцини за заинтересираните, ова прашање си го поставуваат граѓаните, дали овие вакцини како секоја година ќе завршуваат и ќе се набавуваат преку врски. Граѓаните сепак се разочарани од министерството зошто вакви вакцини, иако знае дека е голем одѕивот не порачува повеќе. Зошто секоја година да има тепачки за вакцинација, која граѓаните ја плаќаат од свој џеб.

Коронавирус