вторник, 26. октомври 2021. Вести денес: 0
home Вести

Поскапеа поштенските услуги – од 18 на 25 денари од плико

Поскапеа поштенските услуги – од 18 на 25 денари од плико

Поштенските услуги преку ноќ поскапеа, се жалат граѓани и бизнисмени кои редовно ги користат услугите на Поштите во земјава. Од таму пак појаснуваат дека новата цена е поради усогласувањето на универзалната услуга со Законот за поштенски услуги, анализира Плусинфо.

Според законот, се укинуваат стапките на тежина на пратките „до 20 грама“ и „од 20 до 50“ грама и се воведува една стапка на тежина до 50 грама.

– За обично писмо денеска ми наплатија поштенска услуга од 25 денари. Досега ми наплаќаа 18 денари од плико. Кога реагирав вработената на шалтерот ми кажа дека има нова цена и нова грамажа. Дополнително, поскапени се и услугите на препорачаното писмо на 79 денари, додека вредносните пратки сега чинат 115 денари – се жалат граѓани и бизнисмени кои редовно ги користат услугите на Поштите.

Целата вест на Плусинфо.

Најнови вести

Локални избори 2021