петок, 25. септември 2020. Вести денес: 181
home Вести

Поскапа струја, поголеми маки: Народот тоне во сиромаштија додека власта се луксузира

Поскапа струја, поголеми маки: Народот тоне во сиромаштија додека власта се луксузира

Македонскиот народ тоне во сиромаштија. Се повеќе македонски семејства мака мачат да го издржат месецот со своите ниски примања. Статистиките кои говорат за немаштијата во Македонија се алармантни.

Владата на Заев ветуваше “брда и долини“. Што доби народот? Немаштија!

Како да не беше доволен големиот терет кој граѓаните го носат, сега добија и поскапа струја за плаќање!

Одлуката што ја донесе Регулаторната комисија за енергетика пред еден месец за зголемување на цената на струјата за 7,4 проценти, односно 5,9 денари за еден киловат скапа струја предизвика бурни реакции во јавноста.

Во неколку градови низ Македонија имаше мирен протест против поскапувањето на струјата.

Демонстрантите во Гостивар, како и во другите градови, бараат институциите да ја повлечат одлуката за поскапување на струјата. Додека не го постигнат ова, тие велат дека протестите нема да престанат.

-Она што сите треба да го разбереме е дека оваа битка не е против никого. Оваа битка е за правда. Овие протести се заради самоодбрана, за правото на граѓаните на оој град, на овој регион и на оваа државата, да се заштитат од економската агресија што ни се прави. Почитувани граѓани, не смееме да заборавиме дека ова ќе се одрази секој месец на вашите сметки и постојано ќе го погодува вашиот џеб секој месец, вашата семејна економија, и така веќе влошена, рече Селајдин Абдули, член на организациониот совет на протестот.

Со поскапувањето на струјата за 7,4 проценти сметките ќе пораснат во просек за 180 денари месечно односно 2.200 денари годишно. Ова значи дека секое домаќинство со просечна потрошувачка за една година ќе треба да плати дополнителни 2200 денари повеќе за струја. Ова е плус оптеретување по џебот на граѓаните. Со ова поскапување на цената на струјата дополнително оптеретува 564.000 домаќинства во Македонија годишно само по основ сметка за струја. Со поскапувањето на цената на струјата растат и трошоците за живот.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците за животот во јули 2020 година во однос на јули 2019 година, бележи зголемување од 1.3 проценти. Пораст на индексите на трошоците на животот во јули 2020 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај лебот, житата, сувото овошје и јаткастите производи за 0.4 проценти. Кај прехранбените производи растот е за 0.3 проценти. Растот кај маслото и виното е за 0.2 проценти а кај цигарите за 0.6 проценти. Во јули, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај течните горива за домаќинствата за 35.5 проценти, а кај горивата и мазивата за сопствените превозни средства зголемувањето е за 4.6 проценти.

Граѓаните во јули имаат дополнително зголемени трошоци и кај гасот за домаќинствата за 3.2 проценти, и кај услугите за рекреација и спорт за 2.1 проценти. Раст исто така е забележан и кај велосипедите за 1.6 проценти и кај книгите за 0.9 проценти.

Според проценките на експертската јавност корона кризата ќе трае најмалку уште 6-8 месеци. Доколку не им се помогне на компаниите ова би значело дополнително отпуштање на работници, а немањето работа води кон диполнително осиромашување на граѓаните.

Заев донесе скапа цена на струја и сиромашен народ, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ

Власта рамнодушно и со паушални ветувања го дочека новиот податокот за високиот број на невработени, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Секојдневно стотици граѓани го губат своето работно место, а Заев смислува кадровски распределби кој на која директорска функција ќе биде во државата од партиските работници, додека Македонија се ближи до економското дно.

Шекеринска во министерството за одбрана купува колачи и вафли додека 40.000 луѓе ново невработени немаат ни за леб.

Во вториот квартал од 2020 година, Македонија бележи нето одлив на странски директни инвестиции во износ од над 9 милиони евра. Приходите во буџетот се за 14 % помали од лани, јавниот долг за три години е над 5 милијарди евра, нема раст на 5-7 % годишно, туку пад во индустријата, градежништвото, трговијата, пораст на сивата економија и повеќе корупција“, порачуваат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека Заев не знае како да донесе развојна економија.

„Брановите на отпуштања ќе продолжат и економијата ќе продолжи да тоне, заради преголемите лаги на СДСМ и изманипулираните граѓани кои веруваа во 500 евра плата и подобар животен стандард.

На изборен поткуп се потроши милијарда евра оваа влада, а ниту стопанството се спаси од криза, ниту граѓаните имаат повеќе пари, единствено само сиромаштијата е зголемена. Заев донесе скапа цена на струја и сиромашен народ.

Бизнисмените молат за помош, лозарите се игнорираат, текстилците се на работ на преживување, а секојдневните масовни протести низ градовите заради зголемување на цената на електричната енергија се вистинскиот лик за оваа влада која нема идеја како да ја води државата“, се наведува во партиското соопштение.

Коронавирус