недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 16
home Вести

Поројни врнежи во југоисточниот дел од земјата – еве какво ќе биде времето за Нова Година

Поројни врнежи во југоисточниот дел од земјата – еве какво ќе биде времето за Нова Година

УХМР за денеска најавува пообилни врнежи во источните делови од земјата, особено на југоистокот каде локално дождот ќе биде пороен, проследен со засилен југоисточен ветер и појава на грмежи. Се очекува да наврнат и над 20 литри на метар квадратен.

Попладне на места ќе има засилен ветер од југоисточен правец.Максималната температура ќе биде од 5 до 13степени.

Според УХМР, на планините во северозападните делови ќе врне снег и снежната покривка ќе се зголеми.

Во Скопје до крајот на денот ќе биде облачно со повремен дожд, а во вечерните часови врнежите ќе престанат. Попладне ќе дува и умерен југоисточен ветер.

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно и релативно топло време со сончеви периоди и со умерен до засилен јужен ветер, а во крајните западни делови ќе има услови за повременислаби врнежи. Во среда кон крајот на денот и во четврток претпладне врнежи од дожд ќе има на повеќе места.

За време на Новогодишната ноќ се очекува суво и претежно ведро време, во западните делови со мала до умерена облачност. (МИА)

Коронавирус