среда, 22. јуни 2022. Вести денес: 145
АКТУЕЛНО

Падна владата во Бугарија, Кирил Петков повеќе не е премиер

home Вести

Пороен дожд и грмежи во вечерните часови

Пороен дожд и грмежи во вечерните часови

Синоптичарите за денеска попладне и во вечерните часови најавуваат пороен дожд и грмежи. Во текот на ноќта процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и појава на град.

Во делови од Скопската котлина во вечерните часови и во текот на ноќта ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

За утре претпладне, синоптичарите најавуваат променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Наместа во јужните делови врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на грмежи. Ќе дува и засилен до силен ветер од северен правец, кој повремено ќе надминува брзина и над 60 км/час.

Коронавирус