сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 96
home Вести

Пороен дожд, грмежи и град- од петок промена на времето

Пороен дожд, грмежи и град- од петок промена на времето

Времето во Македонија денеска ќе биде слично на вчерашниот ден- променливо и нестабилно, е прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.

Во текот на денот ќе биде променливо облачно и нестабилно, а попладне со пороен дожд и грмежи.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни, во форма на невреме со пообилни врнежи, грмежи, засилен ветер и појава на град.

Утринската температура ќе биде од 6 до 14 степени, а максималната ќе се движи од 16 до 27 степени Целзиусови.

Утре ќе има изолирана појава на краткотраен дожд со ретки грмежи.

Во петок и за време на викендот се очекува стабилно, суво и топло време со значителен пораст на температурата.

Коронавирус