петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 201
home Вести

Поразителна статистика: Македонија на четврто место во светот по стапка на смртност

Поразителна статистика: Македонија на четврто место во светот по стапка на смртност

Бројот на македонски граѓани кои починале од коронавирус, заклучно со денешната статистика надмина 6.000. Оваа црна статистика ја стави Македонија на уште повисоко место на листата на „Worldometers“.

Имено, во моментов Република Македонија е на загрижувачко високо ЧЕТВРТО место во светот по стапка на смртност.

Досега во Македонија се направени вкупно 1.175. 766 тестирање на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 178.879, бројката на оздравени пациенти е 157.868, на починати е 6.013, а бројот на активни случаи изнесува 14.998.

Со овој број на починати лица, се качуваме на една позиција погоре на црната листа. До вчера бевме на 5-то место по смртност.

Локални избори 2021