вторник, 14. јули 2020. Вести денес: 119
home Вести

Поразителна Ковид-19 статистика за Македонија

Поразителна Ковид-19 статистика за Македонија

Македонија и натаму е на врвот според бројот на нови дијагностицирани случаи позитивни на Ковид-19. Во претходното деноноќие земјава регистрираше 76 нови случаи што е далеку најмногу во регионот.

Србија дијагностицирала 24 нови случаи, Албанија 21, додека соседите на исток и југ, Бугарија и Грција по 19. Босна и Херцеговина има 11 нови случаи а две позитивни лица ја дополнуваат статистиката во Црна Гора. Хрватска нема нови случаи вчера исто како и Црна Гора која веќе се води како надвор од пандемијата.

И додека во бројот на нови случаи го држиме врвот, кога станува збор за помошта која Македонската влада ја одвојува за помош на економијата, земјава се наоѓа на дното во Македонија.

Според истражувањето на Универзитетот Колумбија во Њујорк земјава за помош на економијата одвоила само 1,2% од бруто домашниот производ. Најмногу за помош на економијата во регионот одвоила Словенија, 19,7% од БДП, по што следи Хрватска со 9,3%, Србија со 6,5, Босна и Херцеговина 3,6%, Албанија со 2,8, Косово со 2,5% и Црна Гора со 1,7% од БДП.

Во светски рамки на прво место е Јапонија која за помош на економијата погодена од ковид19 одвоила над една петтина од БДП или поточно 21,1%.

Во апсолутни бројки на врвот се САД со издвоени 2700 милијарди долари што е 13% од БДП.