понеделник, 25. октомври 2021. Вести денес: 182
home Вести

Поразителна и црна статистика за Македонија: Во регионот сме втори по просек на смртност од коронавирусот

Поразителна и црна статистика за Македонија: Во регионот сме втори по просек на смртност од коронавирусот

Светскиот просек за смртноста на заразените пациенти на коронавирусот е 13,2 на еден милион население. Македонскиот просек е 16, а во регионот повисока смртност има само Словенија – 22.

Според бројот на заразени случаи на еден милион население светскиот просек е 216, а за Македонија таа бројка е 341.

Просек на смртноста на заразени пациенти на коронавирусот на 1 милион население

  • Словенија — 22
  • Македонија — 16
  • Турција — 12
  • Босна и Херцеговина — 11
  • Грција — 9
  • Србија — 8
  • Албанија — 8
  • Хрватска — 5
  • Бугарија — 4
  • Црна Гора — 3

Просек на заразени лица на коронавирусот на 1 милион населление

  • Словенија — 558
  • Турција — 558
  • Црна Гора — 417
  • Хрватска — 364
  • Србија — 355
  • Македонија — 341
  • Босна и Херцеговина — 275
  • Грција — 193
  • Албанија — 145
  • Бугарија — 93

Тестови на милион жители: Словенија 15896, Црна Гора 3708, Турција 3643, Хрватска 3559, Грција 3409, Македонија 3154, Бугарија 2663, БиХ 2106, Србија 1630, Албанија 1176.

Светскиот просек на заразени лица на коронавирусот на 1 милион жители е 218.

Локални избори 2021