вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 108
home Вести

Пораст на заболени и хоспитализирани во Прилеп

Пораст на заболени и хоспитализирани во Прилеп

Поради алармантните и загрижувачки бројки на заболени од Ковид-19 во Прилеп, локалната самоуправа и општата болница, повикаа на мобилизација на сите здравствени работници, невработени или пак од приватни ординации, кои можност да се вклучат и да помогнат во оваа драматична состојба. На Инфективното оддделение, како и на уште три други оддели во болницата вкупно се хоспитализирани над 100 пациенти, дел во тешка состојба. Капацитетите се зголемија, но, има голем недости на медицинки кадар, пренесува телевизија Телма.

– Потребата се зголеми двојно, може и повеќе, бидејќи во новите три одделенија се сместени по 20 пациенти, па мора да се зголеми и бројот на сестри за да можат да одговорат на барањето на пациентит. Тое е едната страна, од друга страна како и секаде во државата, кај здравствените работници имаме заболување од Ковид, вели Драги Богојески, директор на општата болница „Борка Талески“ – Прилеп.

Целиот текст може да го погледнете на Телма.ком.мк

Коронавирус