среда, 31. мај 2023. Вести денес: 0
home Вести

Порано му беше важен Уставот, денес не: Погледнете што изјави Заев во 2013-та година

Порано му беше важен Уставот, денес не: Погледнете што изјави Заев во 2013-та година

Социјалдемократскиот сојуз нема да дозволи промена на името на Република Македонија, доколку задира во нашиот идентитет и национала посебност- првиот соцелјадемократ Зоран Заев го соопшти ставот за името, кој рече дека е непроменлив и заеднички на сите негови сопартијци.

Оваа изјава беше дадена во 2013-та година при неговата посета на Струга.

Изјавата која тогаш ја даде воопшто не наликува на она кое тој го прави денес.

-Имиња пред Република Македонија или какви било други формулации се за разгледување, но без притоа да се чепне Уставот на државата, мојот национален јазик, мојата национална посебност, мојата култура како Македонец, изјави  тогаш Заев.

Денес, Заев во улога на премиер прифаќа промена на името и промена на македонскиот устав.

Освен тоа, тој попушта во преговорите со Грција и според неофицијалните информации, како што преговара за името, така преговара и за јазикот, националноста и културата.