понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Поранешниот градоначалник на Скопје Трајановски: Поради неработењето на Шилегов, дивите таксисти повторно се намножија

Поранешниот градоначалник на Скопје Трајановски: Поради неработењето на Шилегов, дивите таксисти повторно се намножија

Поранешниот градоначалник на град Скопје Коце Трајановски преки статус на Фејсбук вели дека додека бил градоначалник со помош на сообраќајните инспектори на град Скопје ја сузбивале нелојалната конкуренција во такси превозот и од околу 10.000 таксисти со одземање на возилата елиминирале околу 7.500 диви такси превозници и на скопските улици останаа околу 2.500 легални таксисти кои живеат исклучиво од такси дејноста.

-Додека бев градоначалник вложивме многу труд, енергија и знаење да ги унифицираме такси возилата. Тој процес го заокруживме со воведување на лиценците, налепниците и задолжителната употреба на таксиметри.

Со помош на сообраќајните инспектори на град Скопје ја сузбивме нелојалната конкуренција во такси превозот и од околу 10.000 таксисти со одземање на возилата елиминиравме околу 7.500 диви такси превозници и на скопските улици останаа околу 2.500 легални таксисти кои живеат исклучиво од такси дејноста. Направивме и такси стојалишта.

Со доаѓањето на новата градска власт на чело со Петре Шилегов поради неработењето, дивите таксисти повторно се намножија и во огромен број се на улиците на Скопје !!!
Затоа внимавајте во какво такси се возите!!! На град Скопје очигледно дека не му е грижа дали некој е легален или див таксист. Неработата на градот е евидентна а мислам дека не е до администрацијата и испекцијата.
Рибата смрди од главата – вели нашиот народ, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Додека бев градоначалник вложивме многу труд, енергија и знаење да ги унифицираме такси возилата. Тој процес го…

Posted by Коце Трајановски on Понеделник, 07 декември 2020

Коронавирус