среда, 19. декември 2018. Вести денес: 0
home Вести

Поранешниот директор на Драмски, Вељановски до притворениот Владо Јовановски: „Брату, овој пат ти ја плаќаш сметката“!

Поранешниот директор на Драмски, Вељановски до притворениот Владо Јовановски: „Брату, овој пат ти ја плаќаш сметката“!

Не престанува поддршката на колегите, блиските и македонската јавност воопшто- на социјалните мрежи, за притворениот актер, обвинет за тероризам – Владо Јовановски. Една од поемотивните, е на поранешниот директор на Драмскиот театар, Роберт Вељановски:

„Уметникот секогаш бил пред времето во кое што живее. Ликовите, репликите, филмовите, сликите, ариите, скулптурите се неговата чест и неговата прокоба!

Вчера, на затворена проекција (прва монтажа), го гледав последниот снимен филм на Владо. Една од круцијалните реплики на ликот кој го игра Владо гласи:

“НЕКОЈ МОРА ДА ЈА ПЛАТИ СМЕТКАТА!!!”

Е па брату, овојпат ТИ ја плаќаш сметката! ВИЕ ја плаќате сметката!!! Ти, Борис, Игор, Богдан, ……..! Ни криви, ни должни, плаќате!“, напиша Вељановски за својот колега.