недела, 20. јуни 2021. Вести денес: 64
home Вести

Поранешната директорка на ДЗС Новковска: Очекувам пописот да биде запрен, Методологијата е легализација на една голема и габаритна дивоградба со податоци

Поранешната директорка на ДЗС Новковска: Очекувам пописот да биде запрен, Методологијата е легализација на една голема и габаритна дивоградба со податоци

Во емисијата „Трилинг“ во 24 Телевизија, вечерва гостуваше поранешната директорка на Државниот завод за статистика, Благица Новковска, која вели дека Методологијата за пописот ќе ги легализира дивоградбите во демографските, социјалните и економски податоци, како и дека ќе постои огромна загриженост за понатамошниот развој со ваквата Методологија, која е преќутно прифатена и ќе биде применета, таа очекува да биде запрен пописот.

-Оваа Методологија е всушност легализација на дивоградбите со демографски, социјални, економски податоци кои што се нарекуваат податоци во бази на податоци, оваа дивоградба е голема и габаритна, обесхрабрувачки е би рекла молкот на национално и на меѓународно ниво околу оваа Методологија и тоа значи дека не се води грижа за понатамошниот развој на официјалната статистика, критикуваше Новковска.

Таа вели дека е повеќе од сигурна дека ако оваа Методологија ќе биде лоша пракса и ако биде применета ќе биде користена и во други официјални статистики, затоа што ќе биде применета и преќутно прифатена.

-Во однос на прашањето дали прогнозира фијаско на пописот, Новковска забележа дека не би сакала историјата на статистиките да има фијаско, само длабоко верувам дека и на национално и на меѓународно ниво ќе стартува она кое јас го нарекувам загриженост околу тоа што понатаму ќе ни се случува со официјалната статистика, која што е клучна во секоја земја, посочи таа.

Таа истакна дека очекува дека ќе биде запрен пописот и дека ќе се остави простор овој процес да навистина добро се подготви, како и дека со овој попис нема да добиеме ни најмалку информации за тоа колку граѓани ни се иселиле од земјата, затоа што не се предвидени такви прашања за оние кои ќе бидат предмет на попишувањето.

-Врзаниот потпис не е потребен затоа што го нарушува авторитетот и обврската на главниот човек на државната статистика, кој со овој чин се девалвира неговата позиција и одговорност, посочи Новковска.

Најнови вести

ЕУРО 2020

Македонија