понеделник, 19. август 2019. Вести денес: 56
home Вести

Поранешен амбасадор поднесе кандидатура во СДСМ

Поранешен амбасадор поднесе кандидатура во СДСМ

Поранешниот амбасадор Ѓорѓи Филипов најави дека ќе се кандидира за претседател на државата на партискиот оглас на СДСМ. Тој смета дека ќе биде добар консезуален претседател иако напомена дека „консензуален“ сè уште не е јасно дефиниран термин, што би требало да значи поддршка од 75 проценти од населението.

Ќе делувам според принципот дека сме едно општество. Сите сакаат да живеат во мир и безбедност, со здрав и чист воздух, квалитетно образование, добро здравство, рече Филипов на прес-конференцијата.

Филипов е роден во Кавадарци, доктор по технички науки, а дипломирал на Машинскиот факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје во 1981 година.

Во периодот од 2005 до 2010 година беше амбасадор на Македонија во Берлин, Германија, а следните четири години беше наш амбасадор во Виена, Австрија. Од 2011 до 2014 година беше амбасадор на Македонија во Јапонија и од 2012 до 2015 година, амбасадор на Македонија во Словачка.

Конечната одлука кој ќе биде кандидат на владејачката СДСМ, партијата ќе ја донесе на Конгресот кој ќе заседава на 3 март.