четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 180
home Вести

Порака од вработените на „Еурокмпозит“: Или решете ги проблемите или доаѓаме на протести пред влада

Вработените во „Еурокомпозит“ немаат добиено 16 плати, а придонесите не им се платени од јуни 2012 година. За 2018 година, пак, добиле само 5.000 денари паричен надоместок како плата.
Порака од вработените на „Еурокмпозит“: Или решете ги проблемите или доаѓаме на протести пред влада

Штрајкот на вработените во „Еурокомпозит“ денеска продолжи, и тоа повторно во траење од 2 часа го блокираа регионалниот пат Прилеп-Скопје. Тие не ја прифатиле последната понуда на вицепремиерот Кочо Анѓушев, да добијат една бруто плата и во рок од 6 месеци да им биде решен нивниот проблем.

За да започнат со работа, бараат исплата на 2 бруто плати и велат дека 6 месеци бил предолг период за да им бидат решени проблемите. Велат ако не се исполнат нивните барања следната недела доаѓаат на протести пред влада.

Им било ветено повлекување на одлука за отпуштање од работа на стотина лица, но ништо од тоа.

-Директориве беа вчера во фирмата, очекувавме дека и тие ќе не викнат на некоја средба. Ни тоа не се случи. Бараме под итно решавање на нашите проблеми, немаме огрев во фирмата, нема вода, немаме плата, немаме приодонеси, вели Роберт Богданоски, претседател на синдикална организација.

Вработените во „Еурокомпозит“ немаат добиено 16 плати, а придонесите не им се платени од јуни 2012 година. За 2018 година, пак, добиле само 5.000 денари паричен надоместок како плата.

Доколку не им се реши проблемот вработените најавуваaт дека од идната недела ќе одат во Скопје да протестираат пред Влада со поставување на шатори.

-Едно не ми е јасно, како може Владата оваа и претходната Влада да ги повикува странските инвеститори да вложуваат тука, 5 години за нивните вработени им ги плаќа придонесите, а ниие 100 проценти државна фирма немаме платено придонеси со години, рече Жарко Талески, вработен во „Еурокомпозит“.

Од менаџерскиот тим на компанијата телефонски ни одговорија дека вработените треба да ги прекинат протестите и да продолжат со работа за да добиваат некаков надоместок, затоа што се до продавање на компанијата на странски инвеститор, нема да може да се решат нивните проблеми.

Најнови вести

Коронавирус