четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Поради снежното невреме, посетата на високите функционери на НАТО и ЕК одложена за утре

Поради снежното невреме, посетата на високите функционери на НАТО и ЕК одложена за утре

 Најавената посета на Република Македонија, на помошникот на генералниот секретар на НАТО за политички прашања и безбедносна политика, Амбасадорот Алехандро Алваргонзалес и Мачеј Поповски, Заменик генерален директор за соседска политика и преговори за проширување при Европската комисија, е одложена за утре, бидејќи заради временските неприлики во Брисел, денеска беа спречени да полетаат и да пристигнат во Скопје.

Како што соопштуваат од владината прес-служба, двајцата високи претставници на НАТО и на Европската Комисија средбите предвидени за денеска, ќе ги остварат во текот на утрешниот ден.

Алваргонзалес и Поповски денеска требаше да се сретнат со премиерот Зоран Заев, како и со министерот за надворешни работи Никола Димитров, со вицепремирите и министери за одбрана и за внатрешни работи Радмила Шекеринска и Оливер Спасовски и со министерот за правда Билен Саљији, а за утре беше предвидена нивна средба со претставници на граѓански здруженија.

Според владината прес-служба, посетата на двајцата високи функционери на НАТО и ЕУ е од особена важност за препознавањето на домашните реформски процеси што ги спроведува актуелната Влада за интеграција на Република Македонија во Алијансата и отпочнување на преговорите со ЕУ.

Коронавирус