понеделник, 22. јули 2019. Вести денес: 157
home Вести

Поради протест: Утре во дел на Скопје ќе има посебен сообраќаен режим

Поради протест: Утре во дел на Скопје ќе има посебен сообраќаен режим

Утре (25.06.) поради најавен протест на група граѓани со блокирање нa крстосница на булеварот “Србија“ со булеварот “Борис Трајковски“во времето од 07:00 часот сообраќајот ќе биде пренасочен по локален пат кон Горно Лисиче, булеварот “12-та Македонска Бригада“, булеварот “Трета Македонска бригада“ и улицата “Народни херои“.

-Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, велат од МВР.