понеделник, 25. октомври 2021. Вести денес: 192
home Вести

Поради протест, утре ќе биде блокиран сообраќајот пред Собранието

Поради протест, утре ќе биде блокиран сообраќајот пред Собранието

Поради протестот на Семакедонскиот национален конгрес, утре, 18 ноември, ќе биде блокиран сообраќајот на улиците пред и околу Собранието, соопшти МВР.

-Во врска со најавен протест организиран од страна на Семакедонски национален конгрес што ќе биде одржан пред Сообрание на Р.Македонија утре, известуваме дека од 12 часот ќе биде воведен времен режим на сообраќај на улица 11-ти Октомври и тоа на потегот од крстосница помеѓу булевар Кочо Рацин и улица 11-ти Октомври до крстосница помеѓу улица Димитрие Чуповски и улица Даме Груев и од крстосница помеѓу улица Филип Втори Македонски и улица Кеј 13-ти Ноември до крстосница помеѓу улица Даме Груев и улица Македонија, соопшти МВР.

Возилата што ќе се движат по улиците кои гравитираат кон Сообранието ќе бидат пренасочени по улица Кеј 13-ти Ноември, улица Кирил и Методиј, булевар Св. Климент Охридски и булевар Кочо Рацин.

Протестот против уставните промени е закажан за во 18 часот.

Најнови вести

Локални избори 2021