вторник, 29. септември 2020. Вести денес: 139
home Вести

Поради политиките на Царовска, голем број семејства со деца стравуваат за својата егзистенција

Поради политиките на Царовска, голем број семејства со деца стравуваат за својата егзистенција

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска пред само неколку месеци најави дека од следната година ќе се укине додатокот за трето дете.

Оваа најава на министерката директно ќе ги погоди  дел од семејствата кои се сместени во Центарот во Визбегово. Имено, во овој центар живеат 10 ромски семејства со пет или повеќе деца.

Како што пренесува порталот Плусинфо едно од овие семејства во текот на следната година очекува принова, односно треба да го добијат своето трето дете и ги исполнуваат условите за добивање на паричен надоместок за трето дете.

22-годишната Рамиза е бремена по трет пат, но поради реформите на министерката Царовска, нема да добие никаков паричен надоместок.

Семејствата од Центарот во Визбегово се надеваат дека по повод новогодишните и божиќните празници, нивните деца нема да бидат заборавени и ќе добијат пакетчиња, играчки и чоколади

Пред извесен период  овие лица беа преселени од под Кале, а една година престојувалево Јавната установа „Ранка Милановиќ“.

Целата сторија, прочитајте ја на ПЛУСИНФО

 

Коронавирус