среда, 30. септември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Поради партиски вработувања, Македонци се пишуваат како Албанци (ФОТО+ВИДЕО)

Лица со типично македонско име и презиме се „изјасниле“ како Албанци, поради партиски вработувања.
Поради партиски вработувања, Македонци се пишуваат како Албанци (ФОТО+ВИДЕО)

Македонци се помасовно се изјаснуваат дека се Албанци поради партиски вработувања.

Вакви вработувања на кои Македонците се пишуваат како Албанци, вчера се обелоденија во општина Бутел, а претходно иста таква ситуација имаше и во Територијалната противпожарна единица на Град Скопје.

Претседателот на ОК Бутел на ВМРО-ДПМНЕ Дарко Костовски објави мега скандал за општина Бутел.

-Мега СКАНДАЛ во Општина Бутел! Општината броела 47 вработени во 2017, сега има 250! Меѓу останатите пријатели и партиски пајташи има и блиски роднини на градоначалникот за кои признава во ова видео, напиша Костовски на Фејсбук и упати неколку директни прашања за градоначалникот Велимир Смилевски:

1.Бидејки вели дека неговиот братучед Димишковски е Албанец, дали и Смилевски се чуствува како Албанец?!

2.Дали блиските роднини кои се неколкумина, смее како градоначалник да ги вработи во Општина Бутел согласно закон?!

3.Дали овие 200 нови вработувања за две години се оние кои што ги ветуваше пред избори !? истите му ги спомнував на ТВ Дебата пред изборите тој тогаш ги негираше ….

4.Колкав е процентот на вработени Македонци од новите 200 вработувања?!

5.Дали Смилевски смета дека презимето Димишковска е типично албанско презиме!?

6.Дали со ваквото понижување на Албанците ќе смета повторно на нивната поддршка!?

7.До каде ќе води оваа бесрамна, недомакинска и улична политика на Општина Бутел!?

8.Дали Антикорупциска има доста работа во Општина Бутел!?

9.Дали систематизацијата за вработени за Општина Бутел брои 70сетина работни места!?

10.Дали овие 250 вработени имаат место каде да седнат, и дали има реална потреба од сите нив!?

11.Дали парите на општината одат во вработувањата и затоа во Бутел не е ниту шајка закована!?

P.S. За ред во тоалет во Општина Бутел се чекало по 20 минути, напиша Костовски на Фејсбук.

Неодамна на социјалните мрежи се појави фотографија од Одлука за избор на 10 работници за работно место пожарникар- спасител во Територијалната противпожарна единица на Град Скопје каде што лица со типично македонско име и презиме се „изјасниле“ како Албанци.

Коронавирус