четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 12
home Вести

Поради отсуство на еден од обвинетите рочиштето за “Општина Центар” одложено за 29 октомври

Поради отсуство на еден од обвинетите рочиштето за “Општина Центар” одложено за 29 октомври

Обвинетиот Александар Трајковски во предметот на СЈО “Општина Центар” не дојде на денешното рочиште, па судијата го одложи истото за 29 октомври. Трајковски претходно уредно го известил судот дека е спречен да присуствува, бидејќи мора да биде во Општина Гази Баба, каде е советник, на седница на која ќе се гласаат важни 12 точки. Се работи за сооднос на број на советници, рече адвокатот Боро Тасевски, од кои број на советници само еден глас се добива или губи мнозинството.

Обвинителот Фатиме Фетаи бараше од судот присилно приведување на обвинетиот Трајковски.

Според бранителот Димитар Дангов такви услови за примена на членот 365 нема, бидејќи отсутниот обвинет предходно уредно го известил судот.

Судот го уважи барањето на обвинетиот Трајковски и го одложи рочиштето за 29 октомври.

 

Коронавирус