понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

Поради корупцијата во државата странските инвеститори бегаат од Македонија како „ѓаволот од темјан”

Поради корупцијата во државата странските инвеститори бегаат од Македонија како „ѓаволот од темјан”

Корупцијата во државата, која ја потврдија и странски релевантни институции како што се Транспаренси Интернешнл и Фондацијата Херитиџ, предизвикува политичка нестабилноxст и пораст на “country risk” во земјата. Корупцијата ја намалува довербата во државата и институциите, како на домашниот приватен сектор, така и на странските инвестеции. Многуте криминални тендери, афери како што беа „Рекет1”, „Рекет2”, „Леонардо”, „Купување изборни гласови”, „Дака“, сето ова ги влошува условите за водење бизнис и инвестициската клима.

Според Гордана Димитриеска Кочоска, претседателка на Комисијата за финснсии на ВМРО-ДПМНЕ, наспроти тврдењата на премиерот Заев дека земјава има странски инвестиции, тоа не е така, затоа што само четири големи компании ги раскинале договорите последниов период. Македонија е на дното од Балканот што го покажуваат извештаите за рангирање на индекс на сранските инвестиции.

-Само во последниов период раскинати четири договори со странски инвеститори и тоа се странски инвеститори кои СДСМ ги договорил, а потоа ги раскинале договорите. Станува збор за германски Кеслер кој требало да вработи 150 лица, две турски компании – една за прозиводство на улично осветлување, една за автомобилска индустрија и една компанија од Албанија – инвестиција во фармацевтската индустрија, која требало да вработи 300 лица. Овде станува збор за инвестиции кои власта ги договорила, па потоа ги раскинале договорите, вели Димитриеска – Кочоска.

Имавме две инвестиции на „Адиент“ во нашата држава, таа отиде во Србија, „Кромберт и Шуберт“ отиде во Србија, „Аптив“ отиде во Србија и тоа е еден многу лош сигнал, кога компании што се тука лоцирани, нивните реинвестирања, нивните нови проекти не ги прават тука, во Македонија, туку ги прават во соседството.

Тоа е така, бидејќи корупцијата влијае за влошување на инвестициската структура, се претпочитуваат краткорочни, наместо долгорочни и иновативни проекти и истовреме мотивира неповолна инвестициска структура која има за цел профит, а не долгорочен развој на економијата.

Според опозиционата ВМРО-ДПМНЕ, од држава со резултати на Doing Business, 50 места погоре во борбата против корупцијата и една од најдобрите бизнис дестинации, Македонија стана држава еднаква со државите кои се уште се во граѓански војни, вооружени судири, убиства и атентати. Се додека тонеме во корупција метастазирана низ сите пори на државата, македонската економија ќе биде длабоко закована во групата на најсиромашни земји во Европа.

И претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во интервју за медиумите ја критикуваше власта која не се бори против корупцијата и ја уназадува државата.

-Погледнете на Херитиџ во 2019 година сме 33 место , 2020 година 41-то место, а една о забелешките дека Владата трошела јавни финансии за социјални трансфери каде постои сомнеж за корупција, тоа го вели реномирана американска светска фондација, нека го прочитаа извештајот, ако има некој да го прочита, на пауза помеѓу крадењата нека го прочитаат да видат што ни кажуваат нашите сојузници кои ни мислат добро, критикуваше Мицкоски.

ЕУРО 2020

Македонија