четврток, 23. јуни 2022. Вести денес: 0
АКТУЕЛНО

Падна владата во Бугарија, Кирил Петков повеќе не е премиер

home Вести

Поради брзо возење казнети 170 возачи

Поради брзо возење казнети 170 возачи

Во текот на вчерашниот ден (19.05.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 170 возачи.

Од нив 14 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 45 возач ја пречекорил брзината во населено место, а 125 надвор од населено место.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, информира МВР.

Коронавирус