сабота, 1. октомври 2022. Вести денес: 0
home Вести

Поповски: Законот за јазиците е конфузен и невешто направен

-Во делови од законот покрај строгото држење органот на државната власт се става и други категории на установи, јавни претпријатија и се вели и други организации.  Што значи дури не се знае која е целата листа или целиот список што треба според овој Закон да се применува и втор службен јазик, рече Поповски.
Поповски: Законот за јазиците е конфузен и невешто направен

Универзитетскиот професор Владо Поповски во вечерашното гостување на Телма, во емисијата Топ Тема на Ваша Страна, за Законот за употреба на  јазиците кажа дека според неговото стручно мислење законот е направен доста невешто и е конфузен.

-Во делови од законот покрај строгото држење органот на државната власт се става и други категории на установи, јавни претпријатија и се вели и други организации.  Што значи дури не се знае која е целата листа или целиот список што треба според овој Закон да се применува и втор службен јазик, рече Поповски.

Според Поповски префорсирана е идејата за двојазичност.

-Законот има грешки и навистина треба една редакција од добри правници. Прво да расчисти дали под установи подразбира само тие што имаат јавни овластувања кој што во тој случај можат да се внесат во вршење на власт или оние кои што немаат јавни овластувања а вршат дејност, на пример средните и основните училишта, истакна Поповски.

Според него законот со ваква содржина е нејасен бидејќи како што кажа тој во сите судските постапки доколку има странка која што зборува на албански јазик целата постапка се одвива на два јазици бидејќи комплетно се преведува се.

Но, со овој закон доколку во граѓанска постапка одлучуваат совет на судија или тројца судии од кој еден зборува албански јазик, а сите странките зборуваат на македонски јазик, тогаш како што рече Поповски, овој закон му дава за право да го ја води целата постапка на албански јазик, сите да го слушаат судијата со превод на македонски јазик,а кога ќе зборуваат странките и учесниците во рочиштето тогаш ќе му се преведува на судијата на албански јазик.

Поповски кажа дека Законот за јазици во 2008 година и овој закон се разликуваат бидејќи законот од 2008 година не предвидува санкционирање, додека овој закон предвидува санкции.

Тој смета дека казните се превисоки и дека доколку има казни за законот за употреба на албанскиот јазик, тогаш ќе мора да се предвидат и санкции за употреба на македонскиот јазик бидејќи на ваков начин македонскиот јазик не е доволно заштитен.

Коронавирус