сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 75
home Вести

Поповски призна дека владата не може да се справи со аерозагадувањето

Поповски призна дека владата не може да се справи со аерозагадувањето

Не постои магично стапче загадувањето на воздухот да се реши преку ноќ, појасни Роберт Поповски, при вчерашното гостување на емисија на МРТ.

Поповски за да ја оправда неспособноста на владата образложи дека години наназад се уништуваа дрва, вели се сеќавате, се сечеа дрва низ главниот град и другите градови.

-Урбаната мафија изгради кај ќе стигне. Тоа е нешто што тешко ќе можеме да го поправиме. Значи циркулацијата на воздухот особено во Скопје што доаѓа преку Лепенец, по Вардар продолжува по таа линија е запрена на многу места. Циркулацијата од Водно е запрена. Тоа се урбани лудила кои што се случуваат во овој град. Податок дека 40% од дрвна маса што се сече во оваа држава се гори во Скопје, знаете ли што значи тоа? Уште има семејства на јаглен, уште има на нафта. Сето тоа е влезено во планот и програмата на Владата, но сега аерозагадувањето беше третирано само во Министерство за животна средина, посочи Поповски, кој при тоа и надополни дека од пред две седници на владата е донесена и посебна програма.

За потсетување пред изборите,  оваа власт им беше полна со ветувања за намалување на загаденоста на воздухот. Предвидуваа секојдневно нови краткорочни мерки кои само да стапнат на власт ќе ги остварат.

-Во Планот за Македонија имаме предвидено сет на мерки за намалувањето на загадувањето. По промените на 11 декември ќе го вратиме зеленилото во градските средини, преку зголемување на задолжителниот процент на зеленило во Законот за просторно и урбанистичко планирање. Гасификацијата е нашиот стратешки проект, со тоа ќе се намали и загадувањето на воздухот затоа што голем дел од домаќинствата ќе се префлат на гас. Во сообраќајот ќе промовираме употреба на гасни горива од типот на природен гас и пропан бутан, истакна Манчевски.

Коронавирус