вторник, 17. септември 2019. Вести денес: 124
home Вести

Поповски: Или прекинете го исмејувањето на татковината или повлечете се од процесот

Поповски: Или прекинете го исмејувањето на татковината или повлечете се од процесот

Престанете со понижувањето на земјата со преговорите, кои се водат на несериозна основа, за што ни се подбиваат функционери од источниот сосед, напиша на својот Фејсбук профил поранешниот министер за финансии и пратеник од СДСМ, Никола Поповски.

За да сфатиме на која несериозна основа се водат државните преговори со Бугарија и Грција, требаше да дојде до денешната катарза, во која имаме срамни лицитации и одобрување на подбивни имиња за сопствената татковина и најнепријателски изјави на високи бугарски функционери, кои се ситат на нашата целосна политичка изгубеност и си тераат свои агенди. Им дозволија заеднички да се сликаат, смеат и прегрнуваат истовремено додека тие се подбиваат со нас и секојдневно нѐ навредуваат. Или прекинете го натамошното понижување и исмејување на татковината или повлечете се од тој процес, напиша Никола Поповски.

Најнови вести