понеделник, 21. септември 2020. Вести денес: 149
home Вести

Попова: Петре Шилегов ги крши Статутот и Деловникот за работа на Град Скопје и спроведува политички реваншизам врз неистомислениците

Владата составена од партијата од која што доаѓа мнозинството во Град Скопје, исто како и градоначалникот Петре Шилегов спроведуваат жесток политички прогон врз политички неистомисленици и партиски реваншизам, ова на денешнта прес конференција го истакна Ирена Попова од ВМРО-ДПМНЕ.
Попова: Петре Шилегов ги крши Статутот и Деловникот за работа на Град Скопје и спроведува политички реваншизам врз неистомислениците

-Од ЈП Водовод и канализација се избркани 26 вработени со решение со неопределено работно време, поради политички причини. Воедно денес на денешната седница имаме и повреда на Законот за локална самоуправа, Статутот и Деловникот за работа на Град Скопје. На денешната седница е погазен и Деловникот за работа на Град Скопје. Без дебата, без претходно доставен материјал, без податоци и потребни квалификации, на нетранспарентен и шверцерски начин, денес се сака да се изврши именување на членови на управни и надзорни одбори во 52 Јавни претпријатија, образовни установи и други установи на Градот Скопје, спротивно на Законот за локална самоуправа и Деловникот за работа на Советот на Град Скопје. Половичните материјали се доставуваат на само неколку часа пред седница. Нема биографии, а советниците треба да гласаат за луѓе чии квалификации се непознати. Нашиот сомнеж зошто ова се прави е желба за масовна и груба партизација на градската управа, потенцира Попова.

Таа додава дека според член 39 став 4 од Законот за локална самоуправа, денот, часот и местото на одржувањето на седниците на советот, како и предлог на дневниот ред по кој ќе се работи, задолжително се објавуваат најдоцна седум дена пред денот на одржување на седницата.

-Во членот 61 од Деловникот за работа на Советот на Град Скопје, Покана за седница на Советот им се испраќа на сите членови на Советот, најдоцна 7 дена пред денот определен за одржување на седницата, а заедно со поканата, на членовите на Советот им се доставува предлог на дневен ред и соодветен материјал за прашањата што ќе се предлагаат за дневен ред. За ова седница на Советот на Град Скопје за повеќе од 2/3 од точките на дневниот ред не е доставен никаков материјал. Врз основа на што ќе одлучуваат советниците? Со ова грубо се прекршува Деловникот за работа на Советот. Сето ова за што говориме покажува дека имаме систематски политички прогон од страна на партијата СДСМ која владее и на локално и централно ниво. Тоа најдобро се гледа во однос на притворените за настаните на 27-ми април, меѓу кој има 6 пратеници, врвни уметници, интелектуалци, недолжни граѓани, вели Попова.

Таа потенцира дека прекршен е највисокиот акт Уставот на Републлика Македонија.

-Пратеници се носеа со лисици на рацете пред да им биде симнат имунитетот, уметници, татковци и мајки, семејни луѓе се држат во притвор под нечовечки услови. Во станот на една оперски пеач од светски глас и музички великан Игор Дурловски, упаѓаат 15 полицајци, да се врши претрес и приведување? Повреден е членот 13 од Уставот, со кој се гарантитира презумпцијата на невиност. Обвинетите се невини се додека не се докаже нивната вина со правосилна пресуда. Грубо е погазен пратеничкиот имунитет, кој е прекршен уште пред да биде симнат. Имајќи го во превид изнесеното: ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ нема намера да присуствува на седница која е про форма и е спротивна на Деловникот и не сака да биде соочесник во кршењето на нормативите. Се приклучуваме кон барањето на слобода на неправедно притворените на 27-ми април и бараме веднаш да бидат пуштени на слобода. Бараме Стоп за партизацијата на ниво на Град Скопје и политичката одмазда која се спроведува. Бараме да се почитува Законот за локалната самоуправа и Деловникот за работа на Советот на Град Скопје, транспарентност и законитост во работата на Советот и Градоначалникот и поголема одговорност и достапност за јавноста, рече Попова.

Коронавирус