петок, 7. мај 2021. Вести денес: 0
home Вести

Попова: Наместо 13. плата, СДСМ воведува 13. сметка- Власта да го повлече барањето за поскапување на водата

Попова: Наместо 13. плата, СДСМ воведува 13. сметка- Власта да го повлече барањето за поскапување на водата

Расипничкото и неспособно владеење на СДСМ повторно оди на товар на граѓаните. За да се покријат дупките во буџетот и партиските вработувања, СДСМ одлучија дека е најлесно да се стави раката во џебот на граѓаните и тие да платат за „животот“ на функционерите. СДСМ ја зголемува цената на водата. Тоа е првиот капитален проект на новата власт во Град Скопје, истакна Ирена Попова на денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ.

-СДСМ не вети, но реализира. Граѓаните на Скопје од февруари ќе плаќаат повисоки сметки за вода. Наместо 13 плата, СДСМ воведува 13 сметка. Скопјани годишно ќе плаќаат приближно по уште една сметка за вода за СДСМ. Се разбира дека како подарок од СДСМ и Шилегов, ќе добијат можност оваа сметка да им ја плаќаат на рати во форма на месечно покачување. Скопјани ќе го полнат буџетот на град Скопје, како би можела да се полни општинската администрација со партиски активисти на СДСМ и таканаречена шарена револуција.

СДСМ, додаде таа, едно прави од опозиција, друго од позиција на власт.

-Само до пред три години бараше намалување на цената на водата за 30%, сега од позиција на власт СДСМ ја накачува водата за 7%. Тоа е типичниот однос на СДСМ. Со лаги и неискреност кон граѓаните. СДСМ никогаш не тргнувал од интересот на граѓаните, туку од интересот на тесната партиска елита. Никола Наумовски, Влатко Васиљ и многу други по изборите се наградени со високи позиции во општинската администрација. Затоа буџетот се празни, а ќе го полнат граѓаните преку повисоки сметки. ВМРО-ДПМНЕ бара СДСМ да се откаже и да го повлече барањето за поскапување на водата. Граѓаните не се должни да плаќаат за расипништвото и неспособноста на новата власт. Ова поскапување ќе биде уште еден директен удар врз најсиромашните, потенцираше Попова.

Најнови вести

Коронавирус