вторник, 1. декември 2020. Вести денес: 2
home Вести

Попова: Имаме еден Шилегов кој во опозиција го гушкаше ГТЦ, и друг кога е на власт кој со куп железо го нагрдува истиот ГТЦ

Попова: Имаме еден Шилегов кој во опозиција го гушкаше ГТЦ, и друг кога е на власт кој со куп железо го нагрдува истиот ГТЦ

Оваа грдосија зад мене, за жал е новото „ремек дело“ на Шилегов за скопјани. Ова куп железо зад мене е директно нарушување на архитектурата на Градскиот Трговски Центар, вели Ирена Попова од ВМРО-ДПМНЕ.

Таа посочува дека и архитектите, и уметниците, но и самите скопјани се сложуваат дека оваа градба на Шилегов го нарушува ликот на Градскиот Трговски Центар.

-Значи имаме еден Петре Шилегов кој во опозиција го гушка ГТЦ, и друг Петре Шилегов кој кога е власт со куп железо го нагрдува истиот Градски Трговски Центар. Наместо целосна реконструкција, Шилегов си експериментира со Градскиот Трговски Центар. ГТЦ за Шилегов е добар САМО за неговите бизнис интереси. Ќе потсетам, со овој куп железо, на една осмина од трговскиот, на кровот направи зелено катче кое прокисна, но не заборави да изгради ресторан кој по реакцијата на јавноста никогаш не се доврши.
Ова не е архитектура ТУКУ талибански карактер на Петре Шилегов, чија неиживеаност скапо ги чини скопјани. Од друга страна во исто време кога се нагрдува ГТЦ, за време на полициски час среде центарот на Скопје се вадеа канделабри, и тоа во ек на корона пандемија од страна на целосно незаштитени работници.
Бараме итно да се запре градбата на оваа грдосија зад мене, и план за спас на Градскиот Трговски Центар од фикс идеите и неиживеаноста на Петре Шилегов. Како Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ сметаме дека најпаметното нешто што Шилегов може да го направи за спас на Скопје, и да ги спаси Скопјани од него е да си поднесе оставка, нагласува Попова.

Коронавирус